In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Десетта годишнина од катастрофата во Смолењск

10.04.2020

На 10 април 2010 година специјалниот авион ТУ-154М со Претседателот на Република Полска Лех Качињски и Сопругата на Претседателот на РП Марија Качињска полетал од Варшава за Смолењск. Тој ден, на Полските воени гробишта во Катињ, државната делегација требало да учествува на комеморацијата по повод 70-годишнината од Катињскиот масакар. Во авионот имало 96 лица, меѓу нив биле и претставници на највисоките државни власти, претставници на општествени кругови и црквите, армиски команданти и екипажот на авионот. Сите тие загинале во авионската несреќа која се случила за време на слетувањето на аеродромот кај Смолењск.

Dziesiąta rocznica katastrofy smoleńskiej

Делегацијата која патувала на 10 април 2010 година на одбележувањето во Катињ била составена од претставници на полските елити, нивните различни политички, општествени и верски бои. Во составот на делегацијата имало заменици-маршали на Сејмот и Сенатот, група парламентарци, команданти на сите формации на Вооружени сили на РП, службеници во Канцеларијата на Претседателот, шефови на државни институции, свештеници, претставници на министерства, ветерански и општествени организации, како и придружни лица. Лицето кое ја поврзува сегашната Полска со елитите и традицијата на Втората Република Полска бил Ришард Качоровски, последниот Претседател на Република Полска во егзил.

Учесниците на летот за Смолењск патувале на церемонијата во Катињ да им оддадат почит на жртвите од масовните егзекуции во Катињската Шума, Миедноје, Харков, Биковнија и Куропати извршени од НКВД во пролетта 1940 година по наредба на највисоките власти на Советскиот Сојуз. Во катинскиот масакр животите ги загубиле полски воени затвореници: офицери, научници, свештеници од разни вероисповеди, службеници и функционери, претставници на независни професии и претприемачи - тогашната елита на Втората Република Полска.

Катињскоит масакар и смолењската трагедија се два настани кои претставуваат симбол на трагичните страници од полската историја.

Поради катастрофата на авионот ТУ 154М Претседателот Лех Качињски не го одржал својот говор подготвен за 70-годишнината од катињскиот масакр.

„Да направиме - напишал тогаш Претседателот - катињската рана конечно да заздрави и зацели“.

Пораката неизречена на 10 април 2010 година, звучи денес, десет години подоцна, подеднакво силно.

Овие настани потресле милиони Полјаци, како и меѓународното јавно мислење. Учесниците на тој лет секогаш ќе останат живи во нашето сеќавање.

Подолу е објавенo неодржаното во Катињ обраќање на покојниот Претседател Лех Качињски. Говорот е извадок од публикацијата на Канцеларијата на Претседателот на РП „Претседателот на Република Полска Лех Качињски 2009–2010 година. Обраќања, писма, интервјуа. Избор“.

 

Биро на Портпаролот

Министерство за надворешни работи

{"register":{"columns":[]}}