Свечено инаугурирање на проект на Амбасадата на Република Полска во Скопје
15.02.2023
На 14 февруари во ООУ „Партенија Зографски“ амбасадорот Војциех Тицињски заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски свечено го затворија заедничкиот проект, реализиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Општина Кисела Вода.
Во рамките на проектот, поддржан од Полската развојна помош, 8 основни училишта во општината беа опремени со вкупно 17 модерни интерактивни табли. Вредноста на грантот, наменета за реализацијата на проектот, беше околу 25.000 евра.
Градоначалникот му се заблагодари на амбасадорот за поддршката, која, како што истакна, значително ќе го унапреди квалитетот на образованието на скопските ученици, ќе го осовремени и ќе го потпомогне наставниот процес. Градоначалникот Ѓорѓиевски, исто така, рече дека Општина Кисела Вода постојано се залага за подобрување на образовниот процес во основните училишта преку усовршување на дигиталните вештини на учениците - „Воведувањето интерактивни табли во училиштата им овозможува на децата пристап до напредни технологии. Таблите се иновација која го унапредува образовниот процес овозможувајќи поголема интеракција помеѓу наставникот и ученикот“.
Амбасадорот на Република Полска го изрази своето задоволство од досегашната соработка и најави продолжување на ваквите проекти и во иднина.
Во рамките на малите грантови, од средствата на Полската развојна помош, Амбасадата на Република Полска во Скопје во 2022 година реализираше 8 проекти со вкупна вредност од близу 130.000 евра.