Прва трка во Скопје, по повод Денот на Уставот на Република Полска
29.04.2024
Одбележувањето на празникот „Ден на Уставот – 3 Мај“ беше свечено отворено во главниот град во Република Северна Македонија на 27 април.
Во чест на празникот, Амбасадата на Република Полска во Скопје за прв пат организираше трка со симболична должина 1791 м. Спортската забава се одржа во скопскиот парк Лисиче, во кој што земаа учество 150 лица меѓу кои полските војници од Полскиот Воен Континген во КФОР, полските полицајци од мисијата ЕУЛЕКС на Косово, децата од полското училиште и извидници од Македонија, гости од Полска и вработените од Амбасадата на Република Полска. Сите учесници добија маици и медали како спомен. По трката, децата учествуваа на работилница за сликање на стакло. Дополнително сите можеа да пробаат од традиционалната војничка супа од грашок, а исто така и журек подготвен од полските полицајци од Косово.