Разговор на министерот Збигњев Рау со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи
24.11.2020
- Задоволен сум од сè поблиските односи меѓу нашите земји, кои исто така, од март оваа година, ги развиваме и како сојузници во рамките на НАТО - рече министерот Збигњев Рау во телефонскиот разговор со шефот на дипломатија на Северна Македонија Бујар Османи.
Разговoр на министерот Збигњев Рау со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи
Министерот Рау ја истакна одличната состојба на билатералните односи, за што сведочи, меѓу другото, официјална посета на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски на Полска, реализираната во февруари оваа година. Важен елемент на односите е исто така соработката на Полската гранична стража со македонските служби во областа на спречување на илегалната миграција.
Шефот на полската дипломатија изрази задоволство од политиката која ја води владата на Северна Македонија, насочена кон интеграцијата во Европската унија и развој на трансатлантските односи. Тој изрази надеж дека уште оваа година ќе биде возможно да се свика првата меѓувладина конференција и на тој начин да започнат преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Осврнувајќи се на видеоконференцијата на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес од пред две недели, министерот Рау истакна дека Полска е подготвена и понатаму политички да го поддржува процесот на пристапување во ЕУ и да ги споделува своите сопствени искуства со партнери од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија.
Освен тоа, министрите разговараа за прашања поврзани со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со која Полска ќе претседава во 2022 г., а за претседавање со која во 2023 г. Северна Македонија ја поднесе својата кандидатура.
Канцеларија на портпарол
Министерство за надворешни работи