Завршен е уште еден проект на Амбасадата на Република Полска во Скопје, финансиран од Полската развојна помош
11.03.2023
На 10 март во Фондацијата „Рето Надеж“ се одржа промотивен настан на кој беа презентирани голем број активности за поддршка на фондацијата, чија мисија е помош во процесот на ресоцијализација и реинтеграција во општеството на лицата кои се опоравуваат од зависности, главно преку работа.
Благодарение на грантот на Амбасадата на Република Полска во вредност од 25.000 евра, „Рето-Надеж“ набави нова машина за производство на мебел за својата столарска работилница и возило за транспорт на мебел.
Реализацијата на заедничкиот проект со Рето Надеж е резултат на соработката на Амбасадата на Република Полска со Барбара Садовска, координаторка на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија”, кој ја поддржува и промовира широко разбраната идеја за социјално претприемништво во Северна Македонија.