In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга беа дел од магазинот Приказна, кој беше емитуван на Првиот програмски сервис на МРТ

03.04.2024

Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, г. Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга, г-ѓата Јоланта Гжелчик беа дел од магазинот Приказна, кој беше емитуван на Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија.

f

Неделната тема на магазинот беше читањето како вештина и начините како да се поттикнат децата, уште од најмала возраст да ја започнат својата дружба со книгата.

Во интервјуто дадено за „Приказна“, амбасадорот на Република Полска раскажува за спроведување на иницијативата за читање уште од самото раѓање. Заедно со својата сопруга го претставија моделот за создавање навика за читање кој успешно се спроведува во Полска. Истиот е поделен во три фази. Првата фаза ги опфаќа новороденчињата, втората фаза, децата од предшколска возраст со која се поттикнуваат децата и родителите да поминуваат одредено време во библиотеките за читање, а третата фаза е наменета за децата кои почнуваат да одат во училиште.

Оваа кампања е финансирана и поддржана од Полското министерство за култура и национално наследство, а спроведена од Полскиот институт за книга. Но покрај овие институции, кампањата ја поддржуваат и многу познати личности од Полска, а секако и наставниците и библиотекарите.

Целото интервју можете да го погледнете на следниот линк, во временскиот интервал од 27:20 – 32:20.

Видео

{"register":{"columns":[]}}