In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Церемонија на одликувања на шестмина македонисти со Медал за заслуги за Република Северна Македонија

31.01.2024

На 30.01.2024 г. во Музејот на македонската борба за самостојност, беше одржана свеченост на која беа одликувани шестмина научници, од кои тројца Полјаци, со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

30.01.3

Признанието го добија професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јежи Русек (постхумно) и академик Зузана Тополињска.

Кшиштоф Вроцлавски беше постхумно одликуван за непроценливи заслуги за македонистиката и за проучувањето и истражувањето на македонскиот фолклор и македонската народна раскажувачка традиција.

Јежи Русек постхумно беше одликуван за исклучителниот придонес во развојот и одржувањето на студиите по македонски јазик и литература на Јагелонскиот Универзитет во Краков, со што помогна во афирмацијата на македонскиот јазик. Неговите научни трудови и конференции се стимул за младите генерации на македонисти.

Академик Зузана Тополињска беше одликувана за непроценливиот придонес за афирмација на македонскиот јазик и македонската култура. Научните трудови на академик Тополињска, како една од најактивните македонисти, се поттик за голем број домашни и странски научници.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Полска кој го подигна постхумното признание во име на професорот Јежи Русек.

 

 

фот: pretsedatel.mk

Материјали

Претседателот Пендаровски одликуваше шестмина македонисти со Медал за заслуги за Република Северна Македонија

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}