СРЕДБА НА АМБАСАДОРОТ КШИШТОФ ГЖЕЛЧИК СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТЕ НА РРЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА
18.02.6024
Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик денеска се сретна со претседателката на Република Северна Македонија, Gordana Siljanovska Davkova.
За време на средбата Амбасадорот ги пренел честитките за преземање на функцијата од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
Разговорот се однесуваше на полско-македонските билатерални односи, економската и образовната соработка, политичката ситуација во регионот и во светот, безбедносната политика на двете земји во контекст на моменталните збиднувања на континентот и интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Соговорниците истакнаа дека билатералната соработка меѓу двете земји се одвива многу добро. Амбасадорот ја потврди постојаната поддршка на Република Полска за аспирациите за интеграција на Северна Македонија и проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Претседателката ја истакна подготвеноста за продолжување на соработката во рамки на процесот за реформи и приспособување на земјата кон барањата за членство на ЕУ, во билатералниот формат и исто така во форматот на Вишеградска група.