Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик учествуваше на државните прослави по повод 60-годишнината од трагичниот земјотрес којшто го погоди Скопје утрото на 26 јули 1963 година
26.07.2023
На прославите, организирани во Музеј на современата уметност Скопје, присуствуваа претседателот на Северна Македонија, г. Stevo Pendarovski и министерката за култура, г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска. Во рамките на церемонијата, амбасадорот одржа пригоден говор во името на целиот дипломатски кор.
Еден од елементите на прославите беше посетата на изложбата „Дефрагментација“ подготвена од земјите на Вишеградската група. На изложбата беа претставени дела донирани на Музејот од уметници на сликарството, скулптурата и графиката од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Делата се создадени во текот на 20 век и претставуваат репрезентативен преглед на уметничките достигнувања на неколку генерации уметници од Централна Европа. Полските уметници се приклучија на меѓународната помош по трагичниот земјотрес којшто го погоди Скопје во 1963 година, дарувајќи над 200 уметнички дела од 135 уметници.
Амбасадорот на претседателот Пендаровски му ја врачи книгата на Кинга Нетман-Мултановска „Варшава го исцртува Скопје“, чиј превод на македонски е објавен по повод годишнината со поддршка на Амбасадата.
Амбасадорот доби комеморативна статуетка од министерката за култура, подготвена за претставниците на земјите коишто придонесоа за обновата на Скопје по земјотресот.
Амбасадорот Гжелчик учествуваше и на одбележувањето на годишнината во организација на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје и на свечената седница на Собранието на Северна Македонија.