Полската амбасада со финансиска поддршка на Градинката„Кокичиња“
18.12.2022
Во градинката „Кокичиња“ во Градско заврши поставување на системот за парно греење, финансирано од Амбасадата на Република Полска во Скопје од фондовита на Полската развојна помош.
Во објектот е поставен систем за греење, кој обезбедува заштеда на енергија и еколошко загревање, со што значително се подобруваат условите за престој во градинката.
Вредноста на проектот за модернизација на парното греење изнесува 11.051,00 евра.
Ова е уште еден проект на Амбасадата реализиран заедно со општина Градско.