Амбасадорот Гжелчик со посета во Македонски Брод
19.06.2024
Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик заедно со шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир го посети Македонски Брод. За време на посетата, остварија средба со градоначалникот на општината Жарко Ристески, Советот на општината, претставници од граѓанските заедници и жителите.
Амбасадорите ја разгледаа изложбата посветена на работата на полскиот етнолог и научник, Јузеф Обрембски, кој во минатиот век ги истражувал обичаите на жителите од Поречкиот регион, а ја посетија и пештерата Пешна - најголемата туристичка атракција во општината.