Полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик се сретна со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков
24.07.2023
Разговорот се однесувал на соработката во областа на туризмот и зголемен интерес на полските туристи за Охрид и целата Северна Македонија, како и соработката во областа на култура вклучувајќи и учество на полските уметници на културните настани коишто се случуваат во градот.
fot: ohrid.gov.mk
Градоначалникот и амбасадорот исто така разговараа за потенцијалните можности за соработка на Охрид со некои полски самоуправи, благодарение на што може да се кофинансираат заеднички проекти од фондовите на Европска унија.