На 16 септември го организиравме Националното читање за прв пат во Северна Македонија коешто беше под покровителство на Претседателската двојка.
19.09.2023
Бевме гости на Музејот на Град Скопје, сместен во зградата на поранешната железничка станица, уништена од земјотресот во 1963 година. Домаќин на настанот беше Јоланта Гжелчик.
На почетокот на средбата беше прочитано писмо од Претседателот на Република Полска Анджеј Дуда, традиционално упатено до учесниците на Националното читање.
„На Немнем“ од Елиза Ожешкова се разбира го читавме на полски. Сепак, благодарение на љубезноста на професорката Лидија Танушевска, студентите по полски студии на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје преведоа фрагменти од делото на мкедонски јазик, коишто потоа за прв пат лично ги претставија за време на саботниот настан. Учениците од полското училиште читаа кратки песни од полски поети. Секое дете доби книга како награда.
На крајот на настанот децата учествуваа на ликовна работилница чија главна тема се однесуваше на овогодишното читање.
На крајот секој учесник на Националното читање доби обележувачи за книги и картички со QR-кодови со пристап до аудио-книгата „На Немен“ со спомен-печат на Националното читање 2023 испратен до Амбасадата од Канцеларија на Претседателот на Република Полска.