In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Ришард Терлецки, потпретседател на Сејмот, во посета на Северна Македонија

27.06.2023

Потпретседателот на Парламентот на Република Полска, Ришард Терлецки, заедно со делегација на пратеници од полско-македонската и полско-балканската пратеничка група на 26 јуни престојуваше во посета на Скопје

rt2

 

За време на посетата потпретседателот Терлецки одржа повеќе средби, меѓу другото со Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Фаница Николоска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, Артан Груби, прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како и со Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините пратеници.

 

Теми на средбите беа полско-македонските билатерални односи, економската соработка, политичката ситуација во регионот и во светот, безбедносната политика на двете земји во контекст на руската агресија врз Украина и интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Соговорниците истакнаа дека билатералната соработка меѓу Полска и Северна Македонија се одвива многу добро. Потпретседателот Терлецки ја потврди континуираната поддршка на Полска за интегративните аспирации на Северна Македонија и проширувањето на ЕУ со вклучување на земјите од Западен Балкан. Тој укажа и на потребата земјата да го забрза интегративниот процес и да ги направи потребните измени на Уставот за да продолжи процесот на пристапни преговори.

Фотографии (4)

{"register":{"columns":[]}}