12. ЕХО Фестивал на планински филм
13.09.2021
Срдечно Ве покануваме на 12. Фестивал на планински филм EХO, кој ќе се одржи од 13 до 17 септември во Младинскиот културен центар во Скопје.
Во рамките на годинешното издание на фестивалот, ќе се одржи промоција на книгата на Б. Мекдоналд „Зима на 8 000 – искачување на највисоките планини во најстудената сезона“ (вторник, 20:30 часот), чие објавување беше поддржано од страна на Амбасадата на Република Полска во Скопје, како и проекциите на филмовите: „Ледените воини“ (во режија на Кшиштоф Виелицки, Ана Мариа Филипов, Јен Широки), „Со Бог напред, Полјаци“ (режија Адам Наврот) и „Ѕид на сенки“ (режија Елиза Кубарска).
Целосната програма на настанот е достапна на веб - страницата: