20 годишнина од дејноста на Полското здружение „Клуб Полонија“
14.06.2024
На 5 јуни амбасадорот Кшиштоф Гжелчик заедно со г-а Конзул на Република Полска и г. Почесен Конзул на Република Полска, беше дел од свечената презентација на публикацијата по повод 20 години постоење на Полското здружение „Клуб Полонија“
Свеченоста се одржа во Музејот борба Музеј на македонската борба за самостојност. На оваа средба учествуваа претставници и пријатели на полјаците од Скопје, како и членови на „Клуб Полонија“ од Охродско- струшкиот, струничкиот, Гпстиваско- тетовскиот огранок. За време на настанот со поздравен говор се обрати долгогодишната полска активистка, претседателка на управниот одбор „Клуб Полонија“ г-а Тереза Прокопович – Шаурек. На средбата имаше можност да се презентираат активностите на Клубот, вклучително и проектите спроведени во последните 20 години (2001-2021). Претседателката на Клубот избра и им врачи благодарници на најактивните активисти на Здружението. Посебна благодарност беше упатена до почесниот конзул, К. Костовски, кој редовно ги поддржува активностите на Полското здружение во Северна Македонија.
Настанот заврши со концерт на пијано, на кој беа претставени дела од истакнати полски композитори.