25-годишнина од пристапувањето на Полска, Чешка и Унгарија во Северноатлантскиот пакт
12.03.2024
Фото: ПАП
На 12 март 1999 година за нашите земји се отвори ново поглавје во историјата на безбедноста. Статусот на членка на Северноатлантскиот сојуз останува еден од главните столбови на полската политика за безбедост. Членот 5 од Вашингтонскиот договор дава гаранција за безбедноста на нашиот регион и основата на застрашувачката моќ на Алијансата. 25 години од присуството на Полска во НАТО е време на градење на силна позиција на Полска во НАТО и динамичен развој на одбранбената способнст. Од моментот на пристапувањето во НАТО, Полска совесно ги реализира сите обврски што членството во Северноатлантската алијанса им ги наметнува на земјите членки. Полските војници учествувале и продолжуваат да учествуваат во мисиите и операциите спроведени под покровителство на НАТО пактот. Полска е важна членка на НАТО поради својата местоположба, искуство и потенцијал, а исто така е лидер во однос на трошоците за одбрана - троши двојно повеќе за одбрана од потребните 2% од БДП што ги бара НАТО. Расходите за одбрана на Полска во 2024 година ќе изнесуваат 4,2% од БДП.