25 години Полска во НАТО
15.03.2024
На 12 март 1999 година, слободна и демократска Полска 🇵🇱 се приклучи на Северноатлантскот пакт. На НАТО тогаш се приклучија сите три земји кои претходно припаѓаа на Варшавскиот пакт: Полска, Чешка и Унгарија.
За Полска ова беше кулминација на долгогодишните напори да се добијат достојни безбедносни гаранции. Пристапувањето во НАТО, исто така, создаде услови за развој и економски раст на нашата земја во рамките на западната заедница на интереси и вредности.
По тој повод, на 14 март, Амбасадата на Република Полска во Скопје организираше прием чија цел беше да се нагласи пријателството и солидарноста меѓу земјите-членки на НАТО и да се потсети на нивната заедничка посветеност на мирот и безбедноста.
Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик во својот говор истакна колку било важно, историско и стратешко достигнување за Полска и нејзините соседи, ова проширувањето на НАТО пактот и какво влијание има во моментов врз регионалната и меѓународната безбедност.
Военото аташе на Амбасадата на Република Полска во Република Бугарија и Република Северна Македонија, полковник Пјотр Грела, во кратката презентација ги претстави достигнувањата на полските вооружени сили во рамките на НАТО, модернизацијата на полската армија и учеството во меѓународните мисии.
Меѓу гостите беа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, претставници на Министерството за одбрана, Канцеларијата на претседателот и Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, амбасадори, претставници на воениот дипломатски кор, војници на Полскиот воен контингент кој служи како дел од мисијата КФОР, полицајци од мисијата ЕУЛЕКС на Косово и други гости.