In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

27.01.2022

27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот беше установен на 1 ноември 2005 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во чест на Евреите убиени за време на Втората светска војна од страна на нацистичка Германија.

ihrd

ОН повикуваат оние времиња да бидат предупредување пред омразата расизмот и предрасудите за сите луѓе. Главниот настан на одбележување на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот секоја година се одржува во Меморијалиот центар Аушвиц-Биркенау, бидејќи 27 јануари е денот на кој одбележуваме годишнини од ослободувањето на германскиот концентрационен логор и логор за истребување Аушвиц-Биркенау. Аушвиц-Биркенау е еден од многуте германски концентрациони логори основани за време на Втората светска војна на окупираната полска територија, а во исто време - тој е најпрепознатливиот симбол и место на геноцид во светот. Државниот музеј Аушвиц-Биркенау е основан на иницијатива на поранешни затвореници и работи континуирано од 1947 година.

{"register":{"columns":[]}}