30-та Шопенова вечер во Битола
08.11.2023
Во вторник, на 7 ноември, во Офицерскиот дом во Битола се одржа 30-та Шопенова вечер.
Концертот на младите таленти - ученици од Државното музичко училиште во Битола го организираше - како и секоја година - госпоѓата Малгоржата Мачковска од битолскиот огранок на Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“, со поддршка на Амбасадата на Република Полската во Скопје. За време на концертот беа рецитирани и избрани стихови од Вислава Шимборска и нивните преводи на македонски јазик.
На свечената вечер присуствуваа амбасадорот Кшиштоф Грзелчик и неговата сопруга, градоначалникот на Битола - Тони Коњановски, претставници на полската заедница од Битола и вљубеници во музиката на Шопен.
Амбасадорот Гжелчик на младите музичари им врачи пригодни подароци, подготвени од Амбасадата на Република Полска во Скопје.