40-годишнина од потпишувањето на августските спогодби и раѓањето на Независниот самоуправен синдикат „Солидарност“
31.08.2020
На 31 август ја славиме 40-годишнината од потпишувањето на Августовските спогодби и раѓањето на Независниот самоуправен синдикат „Солидарност“, што придонесе за падот на комунизмот и завршување на поделбата на светот, предизвикана од Студената војна.
Тоа не би се случило без вклучување на милиони Полјаци, кои се осмелиле да се спротивстават на неправдата, која владеела во поробената Татковина и го основале синдикатот „Солидарност“. Ова масовно граѓанско движење, во кое Полјаците решиле да го искажат своето мислење и да преземат одговорност за судбината на земјата, е без преседан во Европа.
„Генот на солидарноста“ и денес ја тера Полска да се ангажира во помагање на други земји на кои им е потребна помош. Солидарноста има форма на развојна и хуманитарна помош (во последно време во врска со пандемијата COVID-19), поддршка на други земји во процесот на транзиција, особено земјите од Источното партнерство и Западен Балкан, но исто така и учеството во мировните и воените мисии на ЕУ, ОБСЕ, НАТО и други меѓународни организации. Сеќавајќи се на оваа посебна годишнина, Полска ги поддружува сите нации кои се стремат кон слобода и демократија во нивните земји.
Ве покануваме да ја разгледате пригодната изложба подготвена од МНР, која може да ја најдете подолу.