NAWA - Polish National Academic Exchange Agency - opens the call for applications for the Prof. Stefan Banach Programme for international students / Програма за стипендии Стефан Банах
01.03.2023
Љубезно Ве информираме дека Националната агенција за академска размена објави конкурс за Програмата за стипендии Стефан Банах во академската 2023/2024 година. Програмата им овозможува на граѓаните на земјите во развој да започнат редовни студии на полски или англиски јазик на државни и приватни универзитети кои се под надзор на Министерството за образование и наука.
Целта на Програмата е поддршка на социјално-економскиот развој на земјите во развој преку подигнување на нивото на образование и професионални квалификации на граѓаните на овие земји. Станува збор за заедничка иницијатива на Министерството за надворешни работи, Министерството за образование и наука и Националната агенција за академска размена. Минатата година за учество во програмата се пријавија повеќе од 2.000 кандидати.
Понуда за стипендија во рамките на Програмата Стефан Банах е упатена до граѓани од 40 земји, вклучително и Северна Македонија, Албанија и Косово.
Програмата овозможува започнување студии од втор циклус.
Исто така предвивена е можност за учество во подготвителен курс пред започнување на студиите во Полска или летен курс по полски јазик и култура.
Месечната стипендија за подготвителниот период изнесува 1.700 PLN, а во периодот на студирање 1.500 PLN.
The Banach NAWA programme is a joint initiative of the Ministry of Foreign Affairs and the National Academic Exchange Agency supporting the socio-economic development of developing countries by raising the level of knowledge and education of their citizens.
From 28 February to 31 March 2023, applications can be submitted under the scholarship programme for second-cycle studies in Polish or English at Polish universities supervised by the Minister of Education and Science.
The Banach NAWA scholarship can be applied for by citizens of: Albania, Angola, Argentina, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Brazil, Montenegro, Ethiopia, Philippines, Georgia, India, Indonesia, Iraq, Iran, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Colombia, Kosovo, Lebanon, North Macedonia, Mexico, Moldova, Nigeria, Palestine, Peru, South Africa, Senegal, Serbia, Tanzania, Tunisia, Ukraine, Uzbekistan, Vietnam.