Акција за садење дрвја во новиот градски парк во Гевгелија
09.04.2024
На покана на Фондацијата Ице Бегов од Гевгелија, која се бави со помош на лица од маргинализираните групи, сопругата на Амбасадорот на Република Полска во Скопје, г-ѓата Јоланта Гжелчик, учествуваше во акцијата на садење дрвја и растенија во новиот парк во центарот на градот. Овој парк, опремен со потребните удобности, ќе ги опслужува сите жители на Гевгелија.