„Деновите на полска гастрономија“ во Северна Македонија
15.10.2019
Амбасадата на Република Полска во Скопје и Почесниот конзул на Република Полска во Охрид заедно со ресторанот „Пелистер“ срдечно Ве покануваат на 5-то издание на „Деновите на полска гастрономија“ во Северна Македонија.
„Пелистер“ се наоаѓа на водечкото место на листата на ресторани препорачани од Tripadviser, доби 84% одлични и многу добри оцени.
Готвачот Павел Заваѕки од ресторанот „Од другата страна на плоштадот“ од Бјаисток ги очекува сите гурмани од 18-23 ноември во ресторанот „Пелистер“ (Плоштад Македонија б.б.) во Скопје. Шефот Заваѕики, како и минатата година, ќе подготви широк спектар регионални јадења од Подласјe во модерна верзија.
На менито ќе има меѓу другото: татар бифтек, филе од срна, полски кнедли со кромид и маст, полски палачинки со јаболки, благ „мравјалник “.