Ден на дипломатската служба 2020
16.11.2020
Како Врховен командант на Полската армија би сакал да ги известам завојуваните и неутралнити влади и народи за постоењето на Полската Независна Држава, која ги опфаќа сите територии на обединета Полска - со овие зборови Јузеф Пилсудски им се обратил на шефовите на велесили, нотификувајќи ја Втората Република Полска.
На 16 ноември ќе го одбележиме Денот на дипломатската служба. Тоа е празник на полските дипломати и вработените во Министерството за надворешни работи. Тој припаѓа на годишнината од испраќањето телеграма на 16 ноември 1918 година од Јузеф Пилсудски до лидерите на земјите ширум светот, со информација за создавањето на независна полска држава.
2020 година беше посебна година за полската надворешна политика. Изобилуваше со голем број јубилеи, важни не само за Полска, туку и за цела Европа. Пред сè треба да се споменат: 100-годишнината од раѓањето на Јован Павле Втори, 100-годишнината од Варшавската битка и 40-годишнината од основањето на Независниот самостоен синдикат „Солидарност”. Тоа што ги поврзува овие настани беше и лајтмотив на промотивните кампањи ширум светот е покажување на големото значење на вредности како што се слободата и солидарноста.
Оваа година се одбележуваат и 75-години од крајот на Втората светска војна и 75-години од основањето на Организацијата на обединетите нации. Важна тема за дипломатијата е и полското претседателство со Вишеградската група (јули 2020-јуни 2021), за време на кое припаѓа 30-годишнината од создавање на овој формат на регионална соработка.
По избувнувањето на пандемијата полската дипломатија им помогна на Полјаците да се вратат од најоддалечените места, од Перу, преку Чад, Гоа се до Јапонија. Извршени беа летови од 71 место низ целиот свет. Како дел од кампањата #ЛетзаДома, покрај Полјаците, над 2.000 странски државјани ја искористија нашата помош. За само 22 дена, Полскиот авиопревозник ЛОТ изврши 388 специјални чартер летови, благодарение на што над 55.000 луѓе безбедно се вратија во земјата.
Помошта нудена од Полска за време на пандемијата имаше и поширока димензија. Како дел од неа беа организирани патувања на тимови на полски лекари, медицински сестри и медицински спасители од Полскиот центар за меѓународна помош во Италија, САД, Киргистан и Таџикистан. За Белорусија, Украина и Молдавија испративме патни транспорти со медицинска опрема. Полската операција за помош е важен дел од нашата надворешна политика реализирана за време на епидемијата КОВИД-19. Тоа е исто така важен елемент на полската развојна помош и алатка за спроведување на нашите меѓународни обврски.