Ден на националната независност
11.11.2020
Пред 102 години, на 11 ноември 1918 година, Полска ја врати независноста. На тој ден, ослободениот од магдебуршката тврдина, Јузеф Пилсудски ја преземал воената власт од Регентскиот совет, по три дена граѓанската власт, и на крај „како Врховен командант на Полската армија [...] ги известил владите и завојуваните и неутрални народи“ за враќањето на „Полската Република Преродена и Независна“ на картата на светот. По 123 години, Полска станува суверена држава, враќајќи го својот субјективитет на меѓународната сцена.
Пет генерации се бореле во востанија, го поддржувале духот на полското, се спротивставувале на германизацијата и русификацијата, така што во ноември 1918 година Полјаците можеле да и се радуваат на слободата. Јузеф Пилсудски, Роман Дмовски, Игнаци Јан Падеревски, ген. Јузеф Халер, Игнаци Дашињски, Винценти Витос и Војциех Корфанти се државници кои биле татковци на Независната. Потекнувале од различни политички средини, но нивната заедничка цел во 1918 било обновување на сопствената држава од страна на Полјаците.
Атмосферата на овој посебен момент ја опишал тогашниот премиер Јенджеј Морачевски: „Невозможно е да се пренесе оваа опиеност, оваа голема радост која го зафати полското население во тој момент. После 120 години кордоните исчезнале. Слобода! Независност! Обединување! Сопствена држава! Засекогаш! Хаос? Тоа е ништо. Ќе биде добро. […] Кој не преживеал овие кратки денови, кој не полудел од радост во тоа време заедно со целиот народ, тој нема да ја доживее највисоката радост во неговиот живот “.
Сеќавањето на историскиот ден од пред 102 години, кога Полска ја врати Независноста и Слободата, до ден денес претставува за нас извор на инспирација за дејствување за доброто на нашата татковина - Полска.