In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Ден на сите светци

03.11.2023

Како и секоја година, по повод Денот на сите светци, кој Полјаците го одбележуваат на 1 ноември, Aмбасадорот на Република Полска Кшиштоф Гжелчик, военото аташе во Амбасадата на Република Полска во Софија, претставници на полската заедница во Северна Македонија и војниците КФОР се сретнаа во месноста Сопот во Северна Македонија за да оддадат почит на полските војници загинати за време на извршување на нивната службена должност.

1.11

 

На церемонијата, одржана на 31 октомври, беа положени цвеќиња и запалени свеќи пред споменикот посветен на наредникот Павел Легенцки и наредникот Пјотр Микуловски, кои загинаа на 4 март 2003 година за време на извршување службената должност како дел од мировната мисија на НАТО „Сојузничка „Хармонија“.

На Денот на сите светци - 1 ноември - амбасадорот Кшиштоф Гжелчик заедно со претставници на полската заедница од Скопје ги посети гробиштата Бутел во Скопје и запали свеќи на гробовите на Полјаците.

Фотографии (6)

{"register":{"columns":[]}}