In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Изложба "Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна во Скопје".

13.09.2019

На 12 септември 2019 во Музејот на македонската борба во Скопје свечено беше отворена изложбата "Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна".

Изложба "Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна во Скопје".

Изложбата, подготвена од Министерството за надворешни работи на Република Полска и Музејот на втората светска војна од Гдањск по повод 80-годишнината од избувнувањето на Втората светска војна, ја отворија претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, амбасадор на РП, Војциех Тицињски и советникот на германската амбасада во Скопје Ото Граф. Претседателот Пендаровски во својот говор истакна дека неговото присуство на овој настан и на ова место претставува негова должност. Тој ја спомена и поуката што произлегува од оваа незамислива трагедија, потребата таа засекогаш да се запамети, како и позитивната метаморфоза на полско-германските односи во последните години. Амбасадорот Тицињски потсети за огромните загуби на полската нација за време на Втората светска војна и учеството на Полјаците во поразот на Третиот рајх. На настанот присуствуваа околу 100 гости, претстаници на различни скопски средини и дипломатскиот кор. Изложбата ќе биде поставена во НУ Музејот на македонската борба до 20 септември.

{"register":{"columns":[]}}