ИНФОРМАЦИЈА
29.05.2024
Конзуларното одделение на Амбасадата на Република Полска во Скопје информира, дека од 1 јуни 2024 година конзуларната такса за прием и разгледување на апликација за национална виза (тип Д) ќе изнесува 135 евра.
Исто така за прием и повторно разгледување на апликацијата за издавање на национална виза ќе чини 135 евра.
Без промена останува конзуларната такса за разгледување на апликацијата за издавање на Шенген виза (тип Ц) како и за прием и повторно разгледување на апликацијата за издавање на Шенген виза.