Изјава на МНР за 10-те лаги на претседателот Владимир Путин за Полска и Украина, кои не беа поправени од Такер Карлсон (интервју од 8 февруари 2024 година)
12.02.2024
1.Полска соработувала со нацистичка Германија.
Пред Втората светска војна, полската дипломатија се обидувала да ги одржува добрососедските односи со Германија. Во ниту еден момент не постоеле разговори за стапување на Полска во било каков воен сојуз со Хитлер. Во меѓувоениот период, Полска била меѓу два агресивни соседи: Германија и Русија, кои не го признавале правото на полската нација, на независна држава. Во Берлин во 1934 година била потпишана полско-германската декларација за ненасилство, која требало да гарантира решавање на споровите на мирен начин. Но, порано, во 1932 година, бил потпишан сличен пакт за ненапаѓање со СССР.
2. Полјаците го принудија Хитлер да ја започне Втората светска војна против нив. Зошто Втората светска војна започна на 1 септември 1939 година баш од Полска? Не сакаше да соработува. На Хитлер не му остана ништо друго во спроведувањето на своите планови освен да почне од Полска.
Втората полска република ги отфрлила барањата на Хитлер, како и предлогот за полско-германски сојуз против СССР. Хитлеровата Германија и советските власти потпишаа договор против Полска на 23 август 1939 година (т.н. Молотов-Рибентроп пакт), кој на Германија и овозможува да ја спроведе агресијата врз Полска на 1 септември 1939 година. Советска Русија и Хитлерова Германија соработувале заедно до јуни 1941 година.
3. Полска стана жртва на политиката водена кон Чехословачка, бидејќи според познатиот Рибентроп-Молотов пакт, дел од тие територии и припаднаа на Русија, во кои и Западна Украина.
Полска ниту учествувала, ниту завземала страна на Минхенскиот договор (30 септември 1938 г.), кој сериозно го ограничувал суверенитетот на Чехословачка. Полските барања во врска со Заолзиа биле поставени по потпишувањето на Минхенскиот договор.
4. Така Русија, тогаш именувана како СССР, ги вратила своите историски земји.
СССР ги завзеде источните територии на Втората полска република како резултат на вооружената агресија (17 септември 1939 година) во време кога Полска се бореше против германската инвазија. Тоа беше „нож во грб“ нанесен на полската држава. Спроведени од СССР, на така наречените народни референдуми во полските погранични земји, беа спроведени во атмосфера на терор и измама. Лавов и тогашните војводства Лавов и Станиславов (денешна Западна Украина) никогаш не биле дел од Руската империја. Регионот Вилнус исто така историски не бил дел од Русија.
5. Украина е всушност вештачка креација создадена од Ленин и Сталин.
Денешна Украина како држава е создадена благодарение на украинското национално движење. Болшевиците не ја создадале, туку освоиле само дел од нејзината територија, правејќи од неа една од советските републики. Украина е создадена благодарение на волјата на самите Украинци.
6. Левиот брег на Дњепар, вклучувајќи го и Киев, е историски руска територија.
Киев бил главен град на историскa Руcија, а Москва во тоа време не постоела. Во 1991 година Украина станала независна држава со меѓународно признати граници.
7. Идејата за Украинците како посебна нација се појавила во Полска.
Процесот на самоопределување на Украинците како посебна етничка група бил паралелен со слични процеси во Европа од 19 век. Никој вештачки не ја „измислил“ украинската нација.
8. На територијата на Украина се создавале бази на НАТО.
На територијата на Украина нема бази на НАТО.
9. Во Украина двапати биле извршени државни удари, чија цел била вештачко одвојување на поврзаноста со Русија.
За време на Портокаловата револуција, украинскиот народ одбил да ги прифати фалсификуваните избори. Организирањето на уште еден круг гласање овозможило избор на претседателот Виктор Јушченко, кој всушност ги освоил мнозинството од гласовите. По Револуцијата на достоинството, претседателот Петро Порошенко победи на демократски начин на претседателските избори.
10. Во 2014 година Москва била принудена да го земе Крим во одбрана бидејќи бил во опасност.
Во 2014 година немало никаква закана за Крим. Револуцијата на достоинството довела до мирна промена на власта преку демократски избори. Руските „зелени човечиња“ се појавиле на Крим за да ја дестабилизираат ситуацијата во Украина.