In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Kонцерт „Шопен под отворено небо“, организиран од Амбасадата на Република Полска во Скопје.

13.05.2024

Во саботата на 11.05.2024 г. во Градскиот парк во Скопје по повод полскиот празник „Денот на Уставот“ се одржа концертот „Шопен под отворено небо“. Македонскиот пијанист Дино Имери одржа рецитал на кој изведе дела од големиот полски композитор Фредерик Шопен.

11.05

Денот на Уставот е еден од најважните државни празници во Република Полска. Се прославува во спомен на усвојувањето на првиот пишан Устав во Европа и втор во светот, односно правниот акт со кој се дефинираат принципите на функционирање на државата и правата и обврските на граѓаните.

Форматот на овој концерт се надоврзуваше на традиционалните Шопенови концерти кои се одржуваат во паркот „Кралски Łazienki“ – еден од најубавите паркови во Варшава, каде што веќе 65 години во летната сезона, пред споменикот на Фредерик Шопен се организираат рецитали на врвни пијанисти од земјата и од странство, кои под отворено небо ја изведуваат музиката на овој истакнат полски композитор.

Фотографии (6)

{"register":{"columns":[]}}