Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот
27.01.2023
На 27 јануари, амбасадорот Војциех Тицињски учествуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот, организиран во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.
На собирот, посветен на сеќавањето на милионите невини жртви на Холокаустот, учествуваа амбасадори на повеќе земји и политичари од РМП. Составен дел на настанот беше изложбата која ги опишува активностите на групата Ладош и ги претставува нејзините членови. Присутние можеа да се запознаат со историјата на групата, која за време на Втората светска војна спасила околу 10.000 луѓе од смрт.
Во своето излагање Артан Груби, министерот за политички систем и однос меѓу заедниците на РМП, повика акцијата на групата Лaдош на тогашните полски дипломати, да биде инспирација за заедничко спротивставување на секоја закана која ја нарушува еднаквоста меѓу луѓето.