Месец на полската литература – средба со полската писателка
17.05.2024
Во четвртокот (16.05.2024 г.) детската читална во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, беше исполета со најмладите читатели, кои се појавија на средбата со полската писателка Роксана Јенджејевска – Врубел.
Авторката им ја доближи на децата приказната од својата книга „Расположенијата на Хиполит Колбас“, прочита дел од неа и иницираше разговор со тема емоциите и чувствата. Во склоп на средбата имаше и ликовна работилница за децата.
Преведувач на средбата беше г-ѓата Наталија Лукомска.