Месец на полската литература во Скопје
14.05.2024
Вчеравечер во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ се одржа средба со извонредниот полски писател, репортер и новинар, Војќех Јагелски.
Писателот на македонските читатели им е познат како автор на „Сите војни на Лара“.
Разговорот со читателите не се однесуваше само на книгите на авторот, туку и на неговите искуства како новинар и репортер. Присутните имаа можност да се запознаат со неговото творештво и да слушнат бројни анегдоти од неговиот живот и репортерските патуцања . По средбата г., Војќех Јагелски ги потпишуваше своите книги за читателите. Средбата ја водеше проф. Д-р Лидија Танушевска, експерт и преведувач на полска литература на македонски јазик, меѓу кои и „Сите војни на Лара“.
Пред средбата со авторите, во библиотеката имаше и отварање на изложба на графики од студенти на Академијата за ликовни уметности во Краков. Презентираните дела потекнуваат од Конкурсот за графички дизајн на годината (2022), најстариот редовно организиран студентски графички настан