In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Министрите на Вишеградската група и Западен Балкан се состанаа во Рогалин

29.06.2021

Како да се забрза темпото на европската интеграција, солидарната поддршка во напорите за обнова на силна Европа во постпандемискиот период и како да се користи искуството на регионот на Централна Европа во градењето на ефикасно регионално партнерство - дискутираa во понеделник, на 28 јуни 2021 година, во историската палата во Рогалин шефовите на дипломатиите на В4 и Западен Балкан. Средбата на која домаќин беше министерот за надворешни работи, проф. Збигњев Рау, беше полска иницијатива како дел од претседателството со Вишеградската група кое се приближува кон крајот. На покана на полската страна присуствуваше и министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, како и специјалениот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина и други регионални прашања.

28.06

Главна тема на разговорите беше европската интеграција на регионот. Учесниците на средбата се согласија дека треба да се забрза сегашното темпо на процесот на проширувањето на ЕУ. Министрите за надворешни работи на Вишеградската група ја изразија својата непроменлива поддршка за напорите за интеграција на земјите од Западен Балкан, како на политички план, така и со споделување на своите искуства од претпристапниот период и од 17-годишното членство во ЕУ. Овие земји се залагаат и за што побрзо реално отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Ова треба да се случи за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ кое започнува во јули. Министрите исто така изразија надеж за натамошен напредок во пристапните преговори со Србија и Црна Гора.

Состанокот исто така беше можност за разговoр за постпандемиските услови. Шефот на полската дипломатија ја истакна важноста на солидарноста и соработката меѓу ЕУ и регионот во таа сфера.- Скалата на финансиската и медицинската помош од страна на ЕУ и нејзините земји-членки за регионот на Западен Балкан е сведоштво за важноста која ја придаваме на овие односи. - истакна министерот Рау. Тој потсети на полската помош доделена на земјите од регионот, која вклучуваше транспорт на опрема за лична заштита и течност за дезинфекција. Тој исто така најави и натамошна помош. Според мислењето на учесниците на состанокот спроведувањето на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан може да има клучна улога во процесот на обнова и забрзување на економскиот развој во постпандемискиот период. Шефот на полската дипломатија ја декларира својата поддршка за балканските партнери во процесот на дигитална и еколошка трансформација.

Во текот на дискусијата за изгледите за развој на регионалната соработка, претставниците на Западен Балкан изразија интерес за користење од добрите искуства на вишеградската соработка и формите на соработка развиени во нејзините рамки. Во присуство на министрите, извршните директори на Меѓународниот вишеградски фонд (ИВФ) и Фондот за Западен Балкан (СБФ) потпишаа меморандум за разбирање за техничката поддршка на ИВФ за СБФ. Секоја година, преку Меѓународниот вишеградски фонд, се реализираат бројни проекти наменети за партнери од Западен Балкан (во моментов се реализираат проекти во вредност од приближно 800.000 евра). За студенти од Западен Балкан Фондот нуди и стипендии на универзитети во земјите од В4.

Во дискусијата за регионална соработка, министрите исто така ја истакнаа важноста на процесот на помирување и добрососедската соработка. Тие исто така ја забележаа потребата за ефикасна комуникација за придобивките од процесот на европската интеграција и борбата против дезинформации.

Препорачуваме да ја прочитате заедничката изјава усвоена од министрите за надворешни работи на Вишеградската група за Западен Балкан (подолу - во прилог).

На маргините на состанокот министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на министерот Збигњев Рау му врачи комеморативна плакета во знак на сеќавање на придонесот на премиерот Тадеуш Мазовиецки во зајакнувањето на напорите за независност, поддршката на евроатлантските интегративни процеси, како и зајакнување на мултиетничката, мултикултурната и мултирелигиската кохезија на државата и општеството. Тој се обрати до шефот на полската дипломатија со молба за нејзино предавање на неговото семејство. Оваа иницијатива е дел од одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Северна Македонија, во рамките на која министерот за надворешни работи одлучи да оддаде признание на 30 странци - високи претставници на ЕУ и НАТО, државници и експерти поврзани со Северна Македонија и регионот.

Пред состанокот во Рогалин, шефовите на делегациите положија венец на Споменикот на жртвите од јуни 1956 година во Познањ.

 

Министерството за надворешни работи

Канцеларија на Портпарол

Материјали

Joint Statement of the Ministers of Foreign Affairs of the Visegrad Group countries on the Western Balkans Rogalin
V4​_Joint​_Statement​_on​_WB​_062021.pdf 0.26MB

Видео

{"register":{"columns":[]}}