На 9 март амбасадорот Војциех Тицињски, кој наскоро ќе ја заврши својата мисија во Скопје, оствари проштална средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери
09.03.2023
На 9 март амбасадорот Војциех Тицињски, кој наскоро ќе ја заврши својата мисија во Скопје, оствари проштална средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери
Разговорот беше посветен пред се на полско-македонските односи и интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.
За време на средбата претседателот Џафери ја истакна улогата на амбасадорот Тицињски во развојот на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Полска. Тој кажа дека Полска се доживува како важен политички и економски партнер на Северна Македонија и изрази надеж за натамошен развој на пријателските билатерални односи меѓу двете земји на сите нивоа. Воедно претседателот Џафери се заблагодари за полската поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија.