Недела на полски филм
14.12.2022
Амбасадата на Република Полска во Скопје и Кинотеката на Северна Македонија Ве покануваат на инаугурацијата на Неделата на полски филм, која ќе се одржи на 16 декември во 20.00 часот. Ревијата ќе започне со прикажување на филмот „ЧОВЕК ОД МЕРМЕР“.
За време на фестивалот ќе бидат прикажани шест филмови од филмографијата на Анджеј Вајда. Од 19 до 24 декември 2022 филмовите ќе се прикажуваат и во ЈОУ КУЛТУРЕН И ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР во Битола.
Бесплатен влез.
Детални информации за програмата се достапни подолу.
Срдечно Ве покануваме
Материјали
Nedela_na_polski_film_Programa2022Nedela_na_polski_film_programa_2022_web_(002).pdf 1.82MB