Одбележување на 81 година од депортацијата на македонските Евреи
12.03.2024
На 11 Март 2024 Амбасадорот Кшиштоф Гжелчик присуствувал на одбележувањето на 81 годишнина од депортацијата на 7144 македонски Евреи, кои биле однесени во германскиот нацистички логор во Треблинка, од Битола, Штип и Скопје.
На одбележувањето кое се одржа во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, меѓу другите присуствувале, претседателот Стево Пендаровски, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и други претствници на дипломатскиот кор.
Претставничка на Амбасадата претходно положи цвеќе пред споменикот на холокаустот, кој се наоѓа во кругот на фабриката „Тутунски Комбинат“ (порано „Монопол“ ), во спомен на овој трагичен настан.