Одбележување на Денот на независноста
15.11.2023
Во рамките на овогодинешното одбележување на Денот на независноста Амбасадата на Република Полска во Скопје организираше прием, поврзан со мал, пригоден, концерт на музиката на Фридерик Шопен, во изведба на талентираната младина од Државно музичко училиште - Битола.
Една од ученичките прекрасно изведе полски и македонски химни со придружба на пијано.
Амбасадорот Гжелчик во својот говор ги истакна блиските односи меѓу Полска и Северна Македонија, солидарноста во важните историски моменти, интензивната политичка соработка, како и зголемената трговска размена и интерес за Северна Македонија меѓу полските туристи.
На свечениот собир присуствуваа претставници на локалните власти, меѓу кои министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, претставници на дипломатскиот кор, бизнисот, полската заедница во Северна Македонија, полските војници од мисијата КФОР и полицајците од мисијата ЕУЛЕКС во Косово, граничари на Граничната стража од мисијата Фронтекс, партнери и пријатели на Амбасадата.
Срдечно им се заблагодаруваме на партнерите и спонзорите на настанот - на Државното музичко училиште во Битола, компаниите NYSK, ASEE Македонија, Бацувка, Албертина, винаријата Тиквеш, винаријата Лазар, Полската агенција за инвестиции и трговија и почесниот конзул на Република Полска во Охрид, Коста Костовски.