Oфицијалната посета на министерот за надворешни работи на Република Полска, Збигњев Рау, на Северна Македонија
21.06.2022
Во периодот од 16 до 17 јуни министерот за надворешни работи Збигњев Рау престојуваше со официјалната посета на Северна Македонија во својство на претседавач со ОБСЕ.
Во Охрид министерот Рау учествуваше во второто издание на Преспа Форум, организиран од Владата на Северна Македонија. Преспа Форумот има за цел да ги инспирира и промовира добрососедските односи и соработка. Шефот на полската дипломатија учествуваше на воведниот панел посветен на прашањето на руската агресија врз Украина.
- Во сегашниот тежок безбедносен контекст поважно од било кога е да продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и да работиме заедно на предизвиците предизвикани од руската агресија - без разлика дали се работи за енергетската и прехранбената безбедност, зголемувањето на отпорноста на дезинформации и хибридни закани, или справување со економските последици од руската инвазија. Ова особено се однесува на оние земји кои зазедоа јасен став за поддршка на меѓународниот поредок заснован врз правила, почитувајќи ги санкциите на Европската унија против Русија и со тоа изложувајќи се на дополнителни надворешни закани, рече министерот Рау.
Министерот Рау исто така оствари средби со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Разговорите се фокусираа на процесот на пристапни преговори меѓу Северна Македонија и Европската унија и соработката во контекст на преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на Скопје од Полска во 2023 година.