In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Поедноставен пристап до вршење на медицински професии во Полска

05.05.2021

Информација во врска со правилата за барање виза за странци што имаат намера да извршуваат професија доктор, доктор стоматолог, медицинска сестра, акушерка или медицински болничар на територијата на Република Полска

informacja

Од 30.12.2020 г. стапуваат на сила прописи што овозможуваат – врз основа на нови дополнителни правила – отпочнување работа во Полска од страна на:

1. доктори,

2. доктори стоматолози,

3. медицински сестри,

4. акушерки

5. медицински болничари,

кои добиле квалификации за извршување на своите професии во земји што не се членки на ЕУ. Постапката за издавање дозвола за работа во Полска во гореспоменатите професии ќе биде поедноставена, а процедурата значително ќе се скрати. 

Барањата поднесувани до министерот за здравство, вклучително и оние кои се поднесени со посредство на полските конзули, подлежат на брзо разгледување.

Детални информации за правилата за започнување работа во одделни професии се достапни на веб-страницата на Амбасадата [https://www.gov.pl/web/severnamakedonija/Informacija], како и на веб-страницата на Министерството за здравство [https://www.gov.pl/web/zdrowie/uproszczony-dostep-do-wykonywania-zawodu-lekarza-i-lekarza-dentysty].

 

Инфолинија: (+48) 22 427 65 60 (јазична поддршка: PL, UA, RU и EN)

Работното време на инфолинијата: понеделник - петок 08:00 - 18:00

 

Заинтересираните лица можат да ги упатат своите прашања до дипломатската мисија на Република Полска во земјата на нивното живеење.

{"register":{"columns":[]}}