Покана - онлајн концерт / Invitation – online concert
29.04.2021
Почитувани,
Како и секоја година, на 3 мај, Полјаците ширум светот го слават својот Национален ден. Празникот го овековечува усвојувањето на Уставот од 3 Мај - втор демократски устав во светот - од страна на полскиот парламент во 1791 година.
За жал, за време на пандемијата КОВИД-19, не можеме да го одбележиме овој празник на традиционален начин, среќавајќи се со пријатели на нашата земја. Сепак - почитувајќи ги ограничувањата кои произлегуваат од борбата против пандемијата - нашата Амбасада Ве поканува да ни се придружите и да го слушнете онлајн концертот на полска музика во изведба на познатиот пијанист Војциех Валечек. Поради православниот Велигден на 3 мај, нашето одбелжување го поместивме за еден ден, а преносот во живо од домот на уметникот ќе започне на 4 мај во 19.00 часот.
Концертот ќе биде достапен на YouTube каналот: https://youtu.be/OmIdOWpj2gY
Се надевам дека ќе се сретнеме онлајн 4-ти мај.
Со почит,
Wojciech Tyciński
Амбасадор на Република Полска
---------------------------------------------------------------------------
Dear Friends,
Ladies and Gentlemen,
As every year, on May 3 Poland and Poles around the world celebrate their National Day. It commemorates the adoption by the Polish parliament in 1791 of the second democratic constitution in the world - the Constitution of May 3.
Unfortunately, during the COVID-19 pandemic, we cannot celebrate this holiday in a traditional way by meeting friends of our country. However - respecting the limitations resulting from the necessity to fight the pandemic - our Embassy would like to invite you to join us and listen to an online concert of Polish music performed by the well-known pianist Wojciech Waleczek. Due to the Orthodox Easter on May 3, our celebration is postponed by one day, and the live broadcast of the concert from the artist's house will start on May 4 at 19.00.
The concert will be available on YouTube at the following link:
I hope to meet you online on May 4th.
Sincerely Yours,
Wojciech Tyciński
Ambassador of the Republic of Poland
Материјали
PolishConstitutionOfMay3Polish_Constitution__of_May_3_(1791).pdf 2.36MB