Polish Coffee Morning. Poland: Focus on Culture
07.06.2024
На 06. 06. 2024 во Културно информативниот центар (КИЦ), Амбасадата на Република Полска во Скопје, во соработка со друштвото Dobredojde Macedonia Welcome Centre, организираше настан за промоција на полската култура со наслов: Polish Coffee Morning. Poland: Focus on Culture.
На покана од Амбасадата и друштвото во Културно информативниот центар во Скопје присуствуваа повеќе од 100 лица, меѓу кои, градоначалничката на Скопје, претставници на дипломатскиот кор, полјаци, бизнисмени, културни и научни работници.
Беа прикажани кратки промотивни видеа за полската природа, историјата и културата, а исто така и анимација на тема полскиот јазик.
За време на настанот беа одржани краток квиз и лекција по полски јазик. (одржана од страна на г-ата Наталија Лукомска)
Гостите имаа можност да видат и тематски изложби: „Посети ја Полска“ (изложба со албуми за Полска и промотивни материјали), „Полска книжевност“ (презентација на проектот Полска на полица. Полската литература во македонските библиотеки, како и кнагита Quarks, elephants and pierogi: Полска во 100 зборови, издадена од Институтот Адам Мицкевич), „Полска кујна “(книги и албуми за полската кујна), „Полски дизајн“ (албуми кои го претставуваат полскиот дизајн и изложба на порцелан од Ćmielów), како и изложба на дела од студентите на Академијата за ликовни уметности во Краков (позајмена од Полскиот институт во Софија).
Специјално за оваа пригода беше подготвена дегустација на полски јадења.
Средбата „Polish Coffee Morning “ беше можност да се заокружат активностите што ги организираше Амбасадата во рамки на Деновите на полското наследство и охрабрување на луѓето се запознаат со богатството на полската култура.
Координаторка на настанот: Јоланта Гжелчик