In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Полска го започнува претседавањето со ОБСЕ

01.01.2022

Денес Полска го презема годишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Со тоа нашата земја презема поголема улога во обликувањето на безбедноста и стабилноста на европскиот континент во духот на Завршниот акт од Хелсинки, чија 50-годишнина ќе ја одвележуваме во 2025 година.

OSCE

 

- Полска го презема претседавањето со ОБСЕ во време кога земјите-учеснички се соочуваат со повеќе предизвици за мирот и безбедноста. Вистинскиот дијалог меѓу нив мора да се заснова врз принципите на меѓународното право и силна посветеност на постоечките инструменти и алатки на ОБСЕ. Нашата амбиција е ОБСЕ да работи што е можно поефикасно, изјави Збигњев Рау, министер за надворешни работи на Република Полска.

Главна цел на полското претседателство ќе бидат активностите насочени кон регулирање на регионалните и замрзнатите конфликти преку поддршка на структурите на ОБСЕ. Намерата   на Полска е да дејствува како чесен посредник и медијатор меѓу сите заинтересирани страни. Организацијата дејствува врз принципот на консензус на земјите-учеснички. Нашите напори ќе се фокусираат на целосно искористување на потенцијалот на ОБСЕ.

Полска ќе ги реализира своите задачи во духот на сеопфатниот пристап на Организацијата кон прашањето на безбедноста, заснован врз  меѓусебната зависност на политичко-воените прашања, како и економските прашања и прашањата на човековите права.

За време на претседателството нашите напори ќе ги фокусираме на помагање на цивилното население во конфликтните зони. Во економскиот дел, ќе се фокусираме на обнова и модернизација на нашите економии, стремејќи се кон зајакнување на нивната отпорност и подобро прилагодување на новите предизвици. Закрепнувањето после пандемијата бара координирана и насочена акција за враќање на одржливиот развој.

Министерот Збигњев Рау официјално ќе го инаугурира претседателството и ќе ги изнесе неговите приоритети на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 13 јануари 2022 година. Полска ќе соработува во рамките на таканаречената Тројка на ОБСЕ, со претходниот и следниот претседавач – односно со Шведска и Северна Македонија. Министерскиот совет на ОБСЕ ќе се одржи во Лоѓ во декември 2022 година.

 

Лукаш Јасина

Портпарол на МНР

{"register":{"columns":[]}}