Полска вечер на фестивалот Охридско лето
24.07.2023
Во рамки на 63 меѓународен фестивал Охридско лето, на 22 јули во црквата Св. Софија се одржа концерт на гудачкото дуо „Салвадор Дуо“ составено од виолинистката Емилија Гох-Салвадор и виолинистот Емануел Салвадор.
Артистите кои настапуваат во Балтичкиот неополис оркестар ја почестија насобраната публика со час и половина настап, при што ги изведоа делата на Бах, Моцарт, Сибелиус, Хлворсен, како и музика од Анджеј Курилевич од филмот „Полски патишта“.
На настанот којшто беше поддржан од страна на Полската амбасада присуствуваше амбасадорот Кшиштоф Гжелчик со сопругата, почесниот конзул Коста Костовски, претставници на полската заедница во Северна Македонија и бројни гости на фестивалот.