Полски штанд на Дипломатскиот добротворен базар
04.12.2023
Амбасадата на Република Полска во Скопје учествуваше на Дипломатскиот добротворен базар кој се одржа на 2 декември во хотел Мериот.
На базарот учествуваа повеќе амбасади кои понудија различни производи од нивните земји.
На полскиот штанд можеше да се купи: полски прехранбени производи, домашни слатки, книги и графики.
Најмладите гости можеа да учествуваат на ликовни работилници.
Приходите од базарот ќе бидат донирани за децата со посебни потреби.
Настанот го организираше здружението Dobredojde Macedonia Welcome Centre.