Посета на Амбасадорот, г. Кшиштов Гжелчик во Македонски Брод
16.04.2024
Амбасадорот на Република Полска во Скопје, г. Кшиштов Гжелчик, вчера ја посети Општината Македонски Брод.
За време на посетата, Амбасадорот се сретна со градоначалникот, г. Жарко Ристески, со кој што разговараше за развој на соработката помеѓу општина Македонски број и Полска и полските бизниси.
Потоа, заедно со градоначалникот го посетија општинскиот Дом на култура, каде што се наоѓа изложба посветена на полскиот етнолог, славист и социолог, Јузеф Обрембски, кој во 1932-1933 извршувал етнолошки и социолошки теренски истражувања на територија на општината. Дел од посетата било и положување на цвеќе пред спомен бистата на Јузеф Обрембски во Самоков.
Амбасадорот исто така ја посети и индустриската зона Барбарос, каде што е започната реализацијата на полска инвестиција.