Посета на министерот за прашања на Европската Унија, Шимон Шинковски вел Сенк во Скопје
18.07.2023
Во рамките на заедничката посета на министрите за европски прашања од Вајмарската тројка на 17 и 18 во Скопје престојуваше министерот за прашања на Европската Унија, Шимон Шинковски вел Сенк.
Посетата започна со средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. На првиот ден од посетата, министрите се сретнаа и со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на опозициската политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети.
На вториот ден од посетата беше остварена средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.
Посетата на министрите од Вајмарската тројка е јасна порака до сите политички актери дека Полска, Франција и Германија силно ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија. Министерот Шинковски вел Сенк истакна дека е дојдено време политичките лидери во Северна Македонија да дејствуваат стратешки и да го направат одлучувачкииот чекор кон членството во ЕУ. Завршувањето на процедурата за усвојување на уставни измени и започнување на пристапните преговори треба да биде прашање од највисок национален приоритет, компромисот постигнат со ЕУ и Бугарија го зачувува националниот идентитет на земјата.
Министерот изјави дека Полска е подготвена да ја интензивира соработката со Северна Македонија, како на политичко, така и на економско ниво. Тој, исто така, нагласи дека Полска го поздравува приклучувањето на Северна Македонија кон пакетите санкции на ЕУ против Русија.
За време на посетата министерот Шимон Шинковски вел Сенк го посети и Музејот на современа уметност во Скопје, каде во моментот отворена е изложбата „Дефрагментација“, организирана од амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност во Скопје. На изложбата се претставени избрани дела кои по трагичниот земјотрес во Скопје во 1963 година, му биле подарени на Музејот од сликари, скулптори и графичари од Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Делата се создадени во текот на 20-ти век и претставуваат репрезентативен преглед на уметничките достигнувања на повеќе генерации уметници од Централна Европа.
fot: Mateusz Marek KPRM