Промени во системот за регистрација за аплицирање за национална виза
17.03.2021
Од 17 март 2021 година Конзуларното одделение на Амбасадата на Република Полска во Скопје воведе промени во системот за регистрација за аплицирање за национални визи.
За поднесување визна апликација закажете термин во системот е-консулат (https://secure2.e-konsulat.gov.pl/).
Потсетување: барањето за издавање виза мора да биде поднесено најдоцна на две недели пред планираното патување.
ЗАБЕЛЕШКА - При регистрација наведете целосни и автентични податоци содржани во приложуваните документи. Податоците внесувани во апликацијата мора да бидат во согласност со податоците содржани во поседуваниите документи (исто така и во однос на правописот).
Ги молиме лицата заинтересирани да добивање национална работна виза да закажуваат термини исклучиво во системот е-консулат.
За резервирање на терминот за поднесување барање за издавање на национална работна виза треба:
- да отидете на веб-страницата https://secure2.e-konsulat.gov.pl/
- во MENU изберете ја опцијата „Национална виза - регистрирај го образецот“, а потоа изберете дали аплицирате за работна виза или за друг вид на виза, и дали ги прифаќате правилата за поднесување на апликацијата:
- ако изберете „Национална виза - работа“, пополнете го уводното барање за виза кое ги содржи Вашите основни податоци и податоците од документот кој овозможува започнување работа во Полска. Доколку внесените податоци се точни, ќе добиете и-мејл порака со линк за комплетирање на целото барање за виза. Имате 48 часа за внесување на целото барање. Пополнете го барањето, зачувајте го и отпечатете го. Доколку податоците не бидат верификувани како точни или во рок од 48 часа барањето нема да биде целосно пополнето, регистрацијата ќе биде поништена;
- ако изберете „Национална виза - други“ или „Национална виза - студент“ изберете термин за аплицирање, пополнете го барањето за виза, зачувајте го и отпечатете го;
- во случај кога има повеќе заинтересирани од расположливи термини, термините ќе бидат распределени по пат на електронскa лотарија,
- сите информации, потврдувања и линкови за пополнување на барањата се испраќаат автоматски по електронска пошта на и-мејл адреса дадена од Вас,
- во определен/установен термин треба да дојдете во конзуларното одделение со отпечатен и потпишан образец за издавање виза, оригинал од дозволата за работа, како и комплет неопходни документи.
Електронската лотарија на термини за поднесување на визни барања преку системот е-консулат ќе се одржува секоја втора сабота. Вработените во конзуларните одделенија немаат можност да ингерираат во процесот на извлекувањето на апликации на кои ќе им биде доделен термин за поднесување на апликацијата.
По извлекувањето ќе добиете информации за неговите резултати, како и:
- ако Вашата апликација е извлечена, ќе добиете информации за датумот на поднесување на апликацијата,
- ако Вашата апликација не е извлечена во даден фонд на доделени термини, таа оди на следното извлекување.
ЗАБЕЛЕШКА: Доколку сакате да аплицирате за работна виза и при регистрација ќе изберете друга опција („Студент“ или „Друга“), Вашата апликација нема да биде примена и разгледана
Ponawianie próby
Po