In order to ensure the highest quality of our services, we use small files called cookies. When using our website, the cookie files are downloaded onto your device. You can change the settings of your browser at any time. In addition, your use of our website is tantamount to your consent to the processing of your personal data provided by electronic means.
Back

Прв проект на Амбасадата на Република Полска реализиран заедно со општина Росоман

20.02.2023

Амбасадорот Војциех Тицињски заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, го посетија основното училиште во Сирково со цел свеченото завршување на проектот финансиран од Амбасадата на Република Полска од средствата на Полската развојна помош.

Sirkovo

 

Проектните активности се состоеја од комплетнто реновирање на тоалетите во зградата на подрачното училиште на ООУ „Пере Тошев“ во Сирково, кое го посетуваат 40 деца. Благодарение на реализацијата на проектот значително се подобрија условите за настава во училиштето. Вредноста на грантот изнесуваше над 12.000 евра.

Ова е прв проект на Амбасадата на Република Полска реализиран заедно со општина Росоман.

Во рамките на малите грантови од Полската развојна помош во 2022 г. Амбасадата на Република Полска во Скопје реализираше 8 проекти со вкупна вредност од близу 130.000 евра.

Фотографии (3)

{"register":{"columns":[]}}